Автопревозникот НИ-Транс – Охрид ќе ја тужи Царината
09.06.08 14:25
Охридскиот автопревозник НИ-Транс демантира дека е замешан во било каков шверц на бунди од Италија кои требало да завршат на српскиот пазар и најавува тужба против Цраинската управа за нарушување на угледот и претрпена штета.
Од НИ-транс објаснуваат дека наведената стока која заедно со друга била превезувана во камион на компанијата уредно била пријавена при влез на граничниот премин Ќафасан од каде по комплетирање на документацијата од страна на шпедитесрката куќа “Фершпед“ бил добиен и царински печат. „Возачот при влез на Ќафасан уредно ги доставил фактурите до шпедитерот по што добил дозвола од Царината да го продолжи транзитот кон Србија“, изјави денеска на прес конференција Антонио Боздогановски-сопственик на НИ-Транс.
Антонио Боздоганоски
Боздоганоски објасни дека проблемот настанал поради тоа што никој од лицата кои го вршеле прегледот на камионот на преминот Табановце и во царинскиот терминал во Куманово не знаел италијански и не прочитал дека на фактурата се прикажани бундите. Боздоганоски информираше дека веднаш откако тоа им било предочено на надлежните во Царинска управа на возачот му бил вратен пасошот и тој се очекува наскоро да го продолжи патот кон Србија.
НИ-Транс ги презентираше документите
Боздоганоски вели дека со објавувањето на неточната информација во медиумите направена е непроценлива штета врз имиџот на компанијата која никогаш во 15-годишното постоење не направила прекршок и најави тужба против Царината за претрпената штета. Тој посочи и дека при претресот на камионот одредени производи биле оштетени и дека италијанскиот извозник, фирамата „Микс“ денеска интервенирала преку амбасадата на Италија во Скопје за разрешување на случајот.
Охридскиот автопревозник ќе бара отштета
Царинската управа вчера соопшти дека во камион на автопревозник од Охрид на граничниот премин „Табановце“ ноќта помеѓу 5 и 6 јуни запленила 38 екслузивни бунди, со потекло од Италија, кои требало да завршат на српскиот пазар. Вредноста на шверцуваната стока се проценува на 27.600 евра, а царината се сомнева дека дел од неа била украдена од бутици во Италија. Автопревозникот НИ-Транс ги демантира ваквите информации. Проценката ја извршил сопственик на бутик од Куманово, а не овластен проценител, велат од охридската фирма. Доколку била нелегална стоката како можела да се царини во Италија и да добие дозвола за транзит во Македонија, запрашаа од НИ-Транс, од каде најавија дека случајот ќе го тераат до крај.
Музичкиот едиторијал во „Nocciolino Lounge Bar“ продолжува со одбрани звуци, урбана атмосфера, мезе и вино што го следат ритамот на музиката „Nocciolino Lounge Bar“ најавува ново музичко доживување...
Во просториите на ХЕС „Црн Дрим“ во Струга беше одржана работилница организирана од Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИ...
Согласно Календарот за 2026 год за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, ЈП „Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничка”, „Прилепс...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.