Автошколите денеска со едночасовен протест пред Владата го искажаа револтот од законското решение со кое им се наметнува обврска да постават камери во возилата и да ја снимаат обуката на секој кандидат, а снимениот материјал да го чуваат еден месец.

Од Националното здружение на автошколи велат дека ќе продолжат да го блокираат булеварот „Илинден“ пред Владата, секој ден во 12 часот, се додека не бидат исполнети нивните барања

„Ние сме прва земја во Европа која реши на ваков начин да ги решава проблемите, со воедување камери во возилата. Не знам колку е тоа уставно и затоа законското решение го дадовме на Уставниот суд“, рече Јонче Апостоловски, претседател на Националното здружение на автошколи и инструктори, потенцирајќи дека законските одредби практично навлегуваат во приватноста на кандидатот и на инструкторот.

Истовремено од автошколите се жалат дека опремата потребна за снимање и архивирање е скапа и се уште не е достапна во Македонија.

OhridNews
Извор:„Утрински Весник“