Најтрофејниот клуб во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид според успесите и бројките не може да го надополни отсуството на Кристијано Роналдо кој пред почетокот на минатата сезона се пресели во Јувентус. Во летниот преоден рок кој е во тек „кралевите“ го доведоа Еден Азард од Челси кој треба да биде новиот лидер на екипата.

Легендата на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ смета дека Белгиецот не може да биде како Роналдо, туку клубот мора да ја промени стратегијата и да почни да гради база околу тимот без поголема ѕвезда во екипата.

  • Азард е многу добар фудбалер и јас во тоа немам дилеми. Најдобар беше во Лигата на Европа, пред две сезони најдобар во Премиер лигата што доволно говори за квалитетот. Не можеме да очекуваме да биде како Роналдо и да ги достигнува неговите бројки. Исто така можам да кажам дека нема фудбалер моментално кој игра како Роналдо. – изјави Мијатовиќ.

Србинот дресот на Реал Мадрид го носеше од 1996 до 1999 година а неговото име со златни букви запишано во клупската историја поради единствениот погодок кој го постигна во финалето со Јувентус во ЛШ 1997 година.

OhridNews