Првата светска тенисерка Викторија Азаренка и првата фаворитка за освојување на титулата на УС Опен, Серена Вилијамс ќе се борат за титулата на „Флешинг Медоуз“.

Белорусинката, со пресврт, во три сета ја победи Марија Шарапова 3:6, 6:2, 6:4, додека Серена запиша уште една убедлива победа, овојпат против Сара Ерани 6:1, 6:2.

Помладата Вилијамс и Азаренка на турнирите се имаат среќавано 10 пати, Американката има забележано дури девет победи.

Оваа година Серена победи на трите меѓусебни дуели, во финалето на Мастерсот во Мадрид и два пати во полуфиналните средби одиграни на Вимблдон, на Грен слем
турнирот и Олимписките игри.

Ohridnews
“Макфакс“.