Викторија Азаренка ја одбрани титулата на Отвореното првенство на Австралија во тенис, откако во финалето ја победи Ли На со 2:1 (4:6, 6:4, 6:3).

Покрај титулата, Азаренка, ја одбрани и првата позиција на ВТА листата, во случај да загубеше, од понеделник број еден ќе беше Серена Вилијамс.

Двете тенисерки одиграа нервозен меч, кој траеше повеќе од два ипол часа, а влијание врз конечниот резултат имаше и повредата на зглобот, со која Ли На се здоби кон средината на вториот, а ја обнови во третиот сет. Азаренка, во мечот 11 пати и го одзеде сервисот на противничката, а на Ли тоа го направи осум пати. Финалето во Австралија е шеста победа за Азаренка во 10-от меѓусебен дуел со Ли.

“Макфакс“