Македонската фудбалска репрезентација минимално со 1-0 ја совлада репрезентацијата на Азербејџан. Стрелец на победничкиот гол беше Горан Пандев во 57 минута.


По цела една година Македонија забележува победа во официјален натпревар. Последната победа ја забележавме портив Андора со 2-0.

Експериментот на в.д селекторот Бобан Бабунски се покажа како успешен. Во “црвено-жолтиот“ дрес имаше неколку дебитанти (Ристовски, Трајковски, Димитровски, Спировски, Фазли,), како и неколку повратници (Пачовски, Гроздановски, Георгиевски).

Горан Пандев во 59 натпревар за Македонија го постигна 23 погодок, зацрвстувајќи се на врвот на вечната листата на стрелци во националниот дрес.

М.П.