Селекцијата на Италија се пласираше на Европското првенство кое ќе се одржи следна година со седмиот триумф во седмиот меч од квалификациите. „Азурите“, пред своите гледачи со 2-0 (0-0) ја совладаа Грција и мирно во опуштена атмосфера можат да ги довршат квалификациите.

Грците оддолевеа повеќе од еден час на Олимпискиот стадион. Италија која играше трпелива својата шанса ја дочека во 63-та минута кога Жоржињо од пенал го отвори резултатот. Конечните 2-0 го постави Бернандески во 78-та минута од мечот.

Прва меч топка за пласман на континенталниот собир пропушти Шпанија, која ремизираше 1-1 со Норвешка. Пласманот на „црвената фурија“ не и е загрозен, но ремито е не` очекуван резултатот со оглед на разликата во квалитетот.

Резултати:

Група Д: Грузија – Република Ирска 0-0, Данска – Швајцарија 1-0

Група Ф: Фарски Острови – Романија 0-3, Малта – Шведска 0-4, Норвешка – Шпанија 1-1

Група: Ј: БиХ – Финска 4-1, Италија – Грција 2-0, Лихтенштајн – Ерменија 1-1

OhridNews