Триумфот од 2-1 над Германија им овозможи ново “рандеву“ на италијаните против Шпанија, в недела во Киев во финалето од Евро 2012.

– Огромна сатисфакција ќе биде наредниот меч. Одигравме страшен меч. Во првиот дел бевме клинички прецизни преку Марко, додека во вториот дел малку попуштивме но имавме неколку извонредни прилики за трет гол. Најважно е што победивме, и сега ни преостанува големото финале против Шпанија. На дебито покажавме дека сме на нивно ниво, сега треба тоа да го потврдиме – вели Маркисио.

– Пред десет дена да го играм овој натпревар за мене беше само сон. Благодарение на медицинскиот тим бев денес на теренот. Го живееме сонот на милиони италијани. Верувавме од првата минути и бевме убедени дека можеме да победиме. Успеавме да ги ставиме во невоља, а и да дадевме трет гол немаше да биде незаслужено. Имаат добри фудбалери кои не нападнаа, но ни успеавме да се одбраниме. Останува да го одиграме во голем стил финалето. – рече дефанзивецот Кјелини.

– Пресреќни сме со пласманот во финалето, но сега сакаме да победиме. Ни годи оваа победа, но од утре ќе размислуваме за Шпанија – Балзарети.

– Одигравме одличен меч против една одлична репрезентација. Во финишот на мечот не потиснаа, но сосема заслужено одиме во финалето – Барцаљи.

М.П.