– Пресреќен сум за постигнатиот гол, Андреа (Пирло) одлично ме проигра, јас ја видов својата шанса и ја искористив. Ова беше мошне емотивен момент за мене, бидјеќи против оваа Шпанија во четвртфиналето на минатото ЕП, промашив пенал , па за мене ова беше мал реванш. Мислам дека беше добар меч, имаме млади момци кои се желни да го покажат својот квалитет, и е вистинско задоволство да се игра со нив – рече ветеранот Ди Натале.
– Мислам дека беше добар меч. Резултатот е добар, бидјеќи се соочивме со силен тим, и направивме се` за да победиме. Штета што примивме брзо погодок, по нашето водство. Да издржвме малку со таа предност, сигурно мечот ќе добиеше друг тек. Мора да продолжиме напорно да работиме, бидејќи не очекуваат два важни меча во наредните денови – потенцираше, асистенот за погодокот Андреа Пирло.
– Ремито против европските прваци ќе ја зголеми нашата самодоверба. Одигравме храбро без да се “уплашиме“ од нив. Одиграв добро во одбраната, но мора да им се заблагодарам на моите соиграчи. Ми беше малку чудно на стартот тоа што тие се одлучија да играт без класичен шпиц. Секако ништо не е готово, имаме само еден поен и не очекуваат исклучително тешки мечеви против нашите наредни противници – истакана Де Роси.
– Задоволен сум со ремито, но исто така и со нашиот пристап во мечот. Добро им париравме и мислам дека бевме подобар противник во поголемиот дел од мечот. Во финишот им дозволивме повеќе простор, но тоа е нормално кога играте против ваков тим – рече капитенот Буфон.
Во наредниот меч, в четврток Италија ќе игра против Хрватска.