Селекцијата на Бразил со 4-2 ја совлада репрезентацијата на Италија и го освои првото место во групата А.


„Азурите“ немаа одговор за разиграниот состав на „кариоките“ кои од секоја акција можеа да го совладаат Буфон.

Предводник на бразилците до нов триумф беше Нејмар, кој постигна прекрасен погодок за водство 2-1 и асистираше за триот гол.

Фред два пати ја начна мрежата на „азурите“ додека резултатот го отвори Данте. Погодоците за Италија ги постигнаа Џакерини и Киелени.


На натпреварот кој немаше никакво значење во групата Мексико со 2-1 триумфираше против Јапонија и го освои третото место.


Во полуфиналето од Купот на Конфедерации Бразил најверојатно ќе се сретне со Уругвај додека Светскиот првак Шпанија со селекцијата на Италија.

Мх.П.