Примерокот „Б“ на поранешниот светски првак во спринт американскиот
атлетичар Тајсон Гај, земен вон натпреварување во мај годинава, исто
така е позитивен на забранета супстанција, објави американската
антидопинг агенција USADA.

„Можеме да потврдиме дека анализата и на ’Б’ примерокот на Тајсон Гај е
завршена и таа ги потврди позитивните наоди од ’А’ примерокот“, изјави
извршниот директор на USADA, Тревис Тигарт неоткривајќи каде е извршено
тестирањето.

„Резултатите на овие тестови беа очекувани имајќи го предвид прифаќањето
на одговорноста на самиот Гај за супстанциите пронајдени во неговиот
организам веднаш по откривањето на резултатите од анализата на ’А’
примерокот’, додаде Тигарт.

Гај во интервјуто од 14-ти јули со солзи во очите откри дека неговиот
„А“ примерок земен по натпреварувањето во мај бил позитивен на забранета
материја.

„Нена приказна за саботажа, Нема лаги, Само му верував некому и таа
личност ме изневери“, изјави Гај истакнувајќи дека никогаш намерно не
земал допинг.

„Згрешив“, покајнички призна 30-годишниот атлетичар кој има второ најбрзо време во историјата на 100 метри од 9,69 секунди.

Гај досега никогаш претходно немаш проблеми на допинг тестовите и
учествуваше в програмата на USADA во која атлетичарите се подвргнуваа на
дополнителни тестирања за да докажат дека не употребуваат забранети
средства за постигнување подобри резултати.

„Макфакс“