Американскиот претседател Џо Бајден, во емисијата на Брајан Тајлер Коен, изјави дека во моментов има две опции, од кои едната е трета светска војна.

Имаме две опции. Да ја започнеме третата светска војна и да влеземе во војна со Русија, физички. Втората опција е да се осигураме дека земјата која се однесува толку спротивно на меѓународното право ќе плати за она што го направи, рече Бајден. 

Претходно висок американски воен претставник изјави дека Русија располага со најмалку 50 отсто од своите сили за масивна инвазија на Украина, но напредува бавно поради неочекувано силен отпор.

Според нашите проценки, повеќе од 50 отсто од руските сили што Путин ги фрли против Украина … се распоредени внатре во Украина. Има знаци дека Русите се повеќе се разочарани што нема напредок во изминатите 24 часа, особено во северна Украина, рече претставникот.

Според него, „руската војска сè уште не презела контрола врз ниту еден град во Украина, ниту пак стекнала воздушна супериорност“. „Руските трупи остануваат на околу 30 километри од Киев, рече официјалниот претставник, нагласувајќи дека ситуациите на бојното поле динамично се менуваат.

OhridNews