Кандидатот на Демократската партија за претседател на САД, Џо Бајден, во својот прв јавен настап по вчерашните избори вечерва изрази уверување дека откако ќе се избројат сите гласови, тој ќе биде прогласен за победник во трката за Белата куќа, јави ДПА, пренесува „Миа“.

Јасно е дека освојуваме доволно држави за да стигнеме до 270 електорски гласови потребни за да ја добиеме претседателската функција, рече Бајден од Делавер, истовремено истакнувајќи дека тој се уште не тврди дека ја има победата.

„Кога ќе се заврши пребројувањето, верувам дека ќе бидеме победници“, додаде тој.

Бајден, пренесува германската агенција, во својот настап инсистираше на тоа дека „мора да се смета на секој глас“ и се пожали дека победник не се станува со давање изјави, како што направи претседателот Доналд Трамп. „Уверен сум дека ќе излеземе како победници“, додаде тој.

Бајден вети, доколку победи, дека повторно ќе ја обедини нацијата, дека веќе нема да има црвени и сини држави, и кажа дека земјата мора да престане да се однесува кон политичките противници како кон „непријатели“, пренесе ДПА.

OhridNews