Мори бабо, дал ќе ме остајш на рајат некош ти. Ам ак ти е досадно фати си дечко  и остај ме на мира аман веќе. Е како да не…никој не бил достоен да го имат твоето тело на 87 години. Дан се мислиш дек си Ким Кардашјан? И ај мене шо ме удај туку ги искина и сите на фејс бук. Прашај ова прашај она, прашај сабајле прашај навечер. Ам прашви си сама. Е добро де, не лакирај ги ноктите немат да се гребит лакот. А да те прашам, како не ти се љупит лакот ко ќе те вкопам ко ќе пишиш на гугл Хорни олд гренпа? А?

Како? Оф леле. Прво то не е гасфорд, туку е пасворд, второ запиши го негде па….ам ај сега, јас не сум крив шо ти солзат очите од креонот. Пак немораш секое сабајле да се шминкаш и онака та шминка не ојт со жолт минич.

Како? Аааа не туку запви сега и ти. Знам дека таму се сите дрти и стари ама пак да ти бркам работа да читаш временска на Сител……претера. Ам како да ти средам де аман пак и  ти. Знам де, знам декана  онај шо читат нашкола Ботун  му маваше чврги и ластици ама пак тој мор бабо е помлад 10 години од тебе не ме дупи сега и ти и гаси то пурата ме удај. Латас влезе во дупкана кај шо Беше Бранко и не излегвит. Кај да го барам? Излегвеле само  по аптеки недостапен, а Ивона се маскират со гашчи на глана така да…батали то сега. Јес да имаш мутаци како Сергеја, ама тој зборвит во кондур, а не…

Ти реков Стигна писмо од тета Врвка од Австралија да го прочитаме. Смешно  е де ама јас не ја крстив така. Ти ја крсти така зш си се плачела ко си ја родила.

Ај сега да го прочитаме писмово. Ар како да ме слушаш истај то слушалките од ушите да ти се прднам во тој Армин Ван Бурен цел ден го слушаш. Ајде слушај јас ќе читам:

Деар мај мнучко. Одaвна сакав да ти пиша се мислев мислев и донесов конклужон дека мора нешто да ти скрајбна оти мисладека веќе е дед лајн за то. Тхенгс гад дечишчава свимат во пулон шо го напрајвме со мака и ја су алоун како утка и можа сега. Ју ноу дек ќе ти толка за реферегдумот за распарчоње на нашата, мила, непрежалена мајка, родна грутка Маќедонија, која не су ја видела 42 еарси. Пуст да би пуст останал овај живот овде. Се немат пари да појда и Нил да го вида  да ме потсетит на наша Сатеска во тајмот ко се капевме како лиоти голи ја стрикоти и татко ти. Зато покрај регулар ворк ја ода и на обртај. “

Не мор бабо, не се обртат на шипка така викет тие таму за прекувремено. Не копај го носот остај то кормушките, ќеркати пишит  и слушај потака:

Те бејка мнуку, како Гад те бејка,  бранетеја мајкичка наша. Извини шо јет вака размачкан паперсов кај шо пиша, заш дур пиша теар по теар и тро мрсулче ми дропат на него. Бранетеја мнучко ако требит и фајтете се зања заш прво ќе ни ојд у пуси мадер јазико наш, кој глеш ја ако не су дојдена пола век дере, го зна и го толка исто ко вас.  Ја многу сака да дојда имидатли таму да ја брана дедоината со брестојве напред ама нејда од два ризонси.

Прво мојве брестој се сплескани како пенкејкси, незна како да и напрча. Секонд….неможа така да ги оста сами казансиве твој Елизабет, Џон, Фијонка, Роки, Маргет, Стива, а посебно најмалоно Бредчо ју ноу дек тој имат саде 25 години. Козе ние не мојме да дојме решивме ја иБел ( така го колеттетинати Звонка овде вака) секој месец да одељвиме по 5 доларси…..колку Белехани?…..ете тетинти рече по 6 со блад заработени долари и да ви сендаме вие таму да се борите за нас до смрт, не дај Гад.

 Ама и дај Гад , не дај Гад, да ноу мнучко није многу ќе ве жаламе, саде ќе крајаме за вас ваму. А како да не крајаме ко вије сте наши и не болит за вас  да му се фарта да му се нафарта. Ептем нас не болит за вас. Да да. Не болит за вас.

Пост.наскрибано. Никако на реферегдум и те бега и колна во Гад завршије работа на баба ти за во Сител. Ти за најѕе си прав  Гад.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите