Селекцијата на Хрватска никако не може да избегне од полуфиналната судбина на европските првенства. Нова неприминлива пречка за хрватите беше Шпанија која славеше со 33-29 и закажа меч со Германија за златото.
– Штета, вистина штета. Потрошивме многу енергија против Полска. Паднавме физичики и психички во финишот од првиот дел поради потрошената енергија. Алиловиќ имаше четири одбрани во 20 минути што е доволно, но не издржавме тимски. Во продолжението не стигнаа и повредите што беше премногу за меч од ваков карактер. – рече селекторот Жељко Бабиќ.
На „каубоиите“ не им помогна ниту подддршката од хрватските навивачите кои допатуваа во голем број во Полска.
Во недела во дуелот за третото место Хрватска ќе се сретне со репрезентацијата на Норвешка.
OhridNews