“Време е да покажеме дека сме подготвени за следниот циклус во кој
најавив амбиции за висок пласман кој ќе не однесе на следниот
континентален шампионат“ – вели селекторот на репрезентација до 21 година Бобан Бабунски по објавувањето на спискот за последната тест средба со Кипар пред престојниот квалификациски циклус.


– Токму тоа ќе го барам од играчите на овој
пријателски дуел со Кипар како генерална проба за продолжување на
успешнот модел на игра со максимална мобилност и залагање. Играчите ќе мора да индивидуалните квалитети да ги стават во служба на
тимот. Докажавме дека тоа е единствениот начин за постигнување добри
резултати па дури и за афирмација и зголемување на индивидуалните
квалитети. Едноставно мораме сите заедно да размислуваме за подобра
синхронизација и исполнување на задачите на терен – истакна селекторот кој ќе бара да се заборави на фразата  „Игравме добро
ама немавме среќа на крајот…”

– За младите кои добија шанса во А-тимот и кои и понатаму се сериозни
кандидати да продолжат во најдобрата селекција , овие натпревари во
квалификациите треба да бидат дополнителна мотивација и да ги искористат
за демонстрирање на висок квалитет и професионализам за многу повисоки
дострели бидејќи победничкиот дух се ствара во овие селекции а се
пренесува потоа во најдобрата репрезентација – дециден е селекторот
Бабунски.

Пријателскиот дуел со селекцијата до 21-година на Кипар ќе се одигра на 06. Септември со почеток во 16ч. на с. Борис Трајковски во Скопје.

ГОЛМАНИ
Гачевски Филип 17/08/90 ФК Капфенберг Австрија
Стојановиќ Деан 19/07/93 Ф.К.Болоња Италија
Димитриевски Столе 25/12/93 Ф.К Работнички Македонија

ОДБРАНА
Ристевски Кирче 22/10/90 Ф.К.Билш Албанија
Брдаревски Владица 07/02/90 ФК Збројовка Брно Чешка
Мициновиќ Јасмин 22/10/90 Ф.К.Тироспол Молдавија
Силјановски Горан 01/07/90 Ф.К Ренова Македонија
Богдановиќ Горан 09/06/90 Ф.К.Работнички Македонија
Абдули Џелил 25/09/91 Ф.К Де Графшап Холандија
Дробаров Влатко 02/11/92 Ф.К Напредок Македонија
Митревски Ристе 05/10/91 Ф.К Работнички Македонија

СРЕДЕН РЕД
Спировски Стефан 23/08/90 Ф.К.Борац -Чачак Србија
Хусмани Зени 28/11/90 Ф.К.Шибеник Хрватска
Глишиќ Дарко 23/09/91 Ф.К Напредок Македонија
Урдинов Јани 28/03/91 Ф.К.Рода Холандија
Станков Антонио 19/02/91 Ф.К.Рода Холандија
Петровиќ Милован 23/01/90 Ф.К Работнички Македонија
Ристевски Стефан 12/02/92 Ф.К.Кротоне Италија

НАПАД
Трајковски Александар 05/09/92 Ф.К Цулте Варегем Белгија
Алтипармаковски Маријан 18/07/91 Ф.К.Ксанти Грција
Несторовски Илија 12/03/90 Ф.К.ВИКТОРИА Жиж Чешка.Р
Фахрудин Ѓурѓевиќ 17/02/92 Ф.К Спартак Србија

Собирот за репрезентацијата е предвиден за 29.08.2011 во хотел Континентал до 12:00 часот.