Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Бобан Бабунски на трибините на стадионот во Струга ги “скаутираше“ репрезентативците до 19 години. Еден од синовите на поранешниот член на репрезентацијата на Македонија ги брани боите на Барселона.


Пред 1/2 финалниот натпревар од Лигата на Шампиони се стравуваше дека Реал Мадрид конечно ја пронајде формулата рамноправно да и се спротистави на Барселона. Тоа го докажа во финалето од Копа дел Реј  со максимална ангажираност и добра контрола во одбраната да ги неутрализира сите квалитетни работи на Барселона.  За среќа на фудбалот триумфираше екипата која работи, креира и се` ќе направи да постигне погодок – истакна Бабунски. 



– Повеќето сакавме да победи Реал Мадрид бидејќи е поблиску со квалитет до другите екипи  а сведоци сме дека Барса докажа дека е “ван“ конкуренција и тешко да се досигне нивниот квалитет на игра – смета Бабунски

Бабунски кој низ својата фудбалска кариерала играл за повеќе клубови како во Македонија така и надвор се осврна на играта на Реал Мадрид на домашен терен.


После вавко издание на „Сантијаго Бернабе“ Мурињо сигурно ќе навлече гнев на своите симпатизери. Поради   преголемата желба да се совлада големиот ривал во “Ел Класико“ не се бираат средства и начин Реал да се “протне“ во големото финале на Вембли –  изјави за “Ohridnews” селекторот на младинците Бобан Баунски

Мх.П.