Управниот одбор на Фудбалската федерација ја одоложи точката за именување на Бобан Бабунски за селектор на репрезентацијата до 21г. до следната седница на УО кога ќе биде поднесен извештај за досегашната работа на селекторот.


Затоа пак УО ја оцени работата на Младинската комисија при ФФМ како незадоволителна и донесе одлука истата да ја разреши.

Донесена е одлука сите 5 региони да предложат по еден член за работа во комисијата и заеднички да изберат претседател кој ќе ја организира работата на оваа комисија.

УО на ФФМ донесе одлука да се формира 5 -члена комисија која ќе работи на изготвувањето на Нацрт-статутот на ФФМ во согласност со статутот на ФИФА и УЕФА и законските норми во РМ.

На измените и дополнувањата на статутот ќе работи комисијата во состав:
-Хари Хаџи-Ристески – претседател
– Шеапи Пајазит – член
– Лазар Нанев – член
– претставник на ОФС Струмица
– Игор Климпер-генерален секретар на ФФМ.

Ohridnews