Младата репрезентација на Македонија на 6. Септември на „Борис Трајковски ” ќе одигра контролен дуел со селекцијата на Кипар за што веќе селекторот Бобан Бабунски ја изврши првата прозивка.

 

– Со подготовките за пријателскиот дуел со Кипар започнавме во понеделникот а во опција е и пријатрелски дуел со Вардар. Начелно со Тошак разговаравме за соработката на А-тимот и У-21. Останувам да ја водам младата репрезентација во следниот квалификациски циклус во кој очекувам добри игри и добри резултати. Селекторот Тошак покажа доста разбирање за потребите на У-21 тимот но јас сум подготовен да го почитувам секое негово барање за потребите на сениорската селекција. Свесни сме зедно дека добар резултат и добри игри на младите репрезентативци ќе и бидат од голема корист и на А-репрезентацијата за СП.

Во отсуство на репрезентативците кои се прекомандувани во првиот тим, на средбата со Кипар ќе се проверуваат потенцијалите на Зени (Шибеник), Абдула (Де Графсхап), Глишиќ, Дробаров, Ѓурѓевиќ.

Ohridnews