Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 години, Бобан Бабунски во друштво помошникот Зоран Бошковски, од трибините го следеше мечот кој надежите го загубија со 2-0. Бабунски смета дека со евентуалното проширување на лигата многу поголема шанса ќе им се даде на младите фудбалери, кои преку првенствените мечеви побрзо фудбалски ќе се созреат.


–    Според мене, бранејќи ги интересите на селекциите и репрезентациите за мене е подобро да се прошири лигата, така ќе има можност многу повеќе млади играчи да играат и да настапуваат за своите тимови. Дали тоа ќе биде Пелистер,  Вардар, Беласица или  Брегалница е неважно, тие центри мора да се мотивираат и да играат во Првата лига, затоа што се покажа во последните неколку години многу ретко добиват шанси младите фудбалери.


 – Се испушти онај модел од Југославија каде што од 21 година мораа да играат минимум тројца играчи, од аспект на квалитет сигрурно тој ќе се разводни , меѓутоа факт е дека треба да ги гледаме приоритетните работи. Сепак мислам дека Македонија треба да е приоритет да се форсираат младите фудбалери. – вели селекторот Бабунски.

М.П.