Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија (до 21 г.), Бобан Бабунски објави список со само 18 играчи за натпреварот со Литванија на 13 ноември во Каунас (17 ч.) во квалифиикациите за ЕП 2011. Собирот е на 9 ноември во х. Белви, а ќе се тренира по еднаш дневно до заминувањето за Литванија на 11 ноември. Ова ќе биде вториот натпревар на овие две екипи, кои во Прилеп одиграа без победник – 1:1.
– Литванија е екипа за почитување. На првата средба во Прилеп пропуштивме да победиме и покрај водството. Евидентно е дека се одлично физички подготвени, а според рејтингот на УЕФА се и во улога на фаворит. За нас гостинскиот терен е бауч и ќе треба добро да се мотивираме за позитивен резултат. Повикав 18 играчи кои во овој момент оценивме дека имаат карактер да го дадат максимумот, кои се солидарни и мислат како колектив. Играчи кои ќе си помагаат на теренот и коректно се однесуваат во секоја ситуација, изјави Бабунски.
На списокот се: Наумовски, Јовановски (голмани), Лазевски, Георгиевски, Бериша, Силјановски, Урдинов, Димитровски (одбрана), Стојков, Петровиќ, Ристовски, Антонио Станков, Спировски, Муарем (среден ред), А. Ибраими, Ѓорѓиев, Петковски и Александар Станков (напад)
Петта победа во низа за фудбалерите на Охрид На денешниот натпревар против екипата на Скопје извојуваа победа со резултат 1:0 Стрелец на голот за екипата на Охрид Лихнидос беше Иван Глигоров Натпр...
Во спортската сала „Билјанини Извори“ синоќа со одлична атмосфера и голема спортска енергија заврши уште едно успешно издание на турнирот во футсал Ohrid FREED 2025 Финалната вечер, која се одржа в...
Одиграно петтото коло од V Општинско првенство во шах „7 Ноември 2025“ кое се одржува во просториите на ШК Ласкер Охрид во ООУ Братство Единство Охрид На истото учествуваат 24 шахисти од Охрид и Ст...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.