Македонската селекција до 21г. продолжува со успешните подготвителни игри за следниот квалификациски циклус. Вчера во Подгорица беше совладана селекцијата на Црна Гора минимално со 1-0 со голот на Фазли во 71м. Селекторот Бобан Бабунски задоволен од развојот на настаните во тимот но и претпазлив:  

– Сигурно дека сум задоволен од резултатот, пред се од прикажаното и начинот на игра кој продолжуваме да го трасираме. Играчите се свесни за поставените задачи, за тактиката што треба да ја спроведат и пред се играта на резултат. По средбите со Словенија и Црна Гора можам да заклучам дека имаме веќе одлична селекција од 15-играчи во која недостасуваше повредениот Несторовски. Сега ни претстои задача да обезбедиме квалитетни алтернативи и ја зајакнеме конкуренцијата. Од друга страна се плашам овие млади играчи да не ги зафати еуфорија од овие две победи бидејќи пријателските средби се нешто многу поразлично од квалификациските. Сепак на прав пат сме да направиме компетитивен тим и сега работиме на договарање на нови контролни средби – изјави Бабунски на официјалната веб страна на ФФМ.

Во Јуни е договорена средба со Бугарија, има еден слободен термин, а противници се бараат за термините во Април или Мај.

Ohridnews