Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празници, 6-ти јануари 2014 година (понеделник), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, додека 7-ми јануари 2014 година (вторник), прв ден Божик според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. 

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, им ги честита празниците на граѓаните од православната вероисповед. 

OhridNews