После двегодишна пауза, поради ковид пандемијата, во Македонија на величенствен начин ќе се одбележи Бадник.
Во вкупно 62 градови и населени места во нашата земја, меѓу кои и Охрид, денеска, илјадници деца ќе чекорат во бадниковите поворки на радоста и пеејќи ја ангелската песна „Вечниот Бог” ќе го најавуваат Христовото раѓање.
Во сите поголеми градови во Македонија, исто како и во Охрид, поворката ќе биде крунисана со празнични концерти на пригодни божикни песни.
,OhridNews