Градоначалникот на Охрид бадниковата вечер ја минал во кругот на семејството. Според традицијата на заедничката вечера се крши бадниковата погача, а паричката која според верувањата носи среќа паднала кај таткото на градоначалникот.
Сличен обичај во охридско има и за празникот Василица, кога се практикува пита со паричка.