Борусија Дортмунд и Баерн Минхен се “разминаа“ во полуфиналето од германскиот “Покал“. Актуелниот првак и лидер во Бундеслигата, Борусија Дортмунд е фаворит во дуелот со  второлигашот Гројтер Ф., кој во четвртфиналето го елиминира Хофенхајм.


Далеку поинтересно ќе биде на “бундеспресметката“ меѓу Борусија Манхегладбах и Баерн Минхен.

Полуфиналните дуели во германскиот Куп ќе се одиграат на 20 и 21. март, финалето е закажана за 12. мај на Олимпискиот стадион во Берлин.

Ohridnews