Екипата на Баерн Минхен имаше спектакуларен почеток на новата сезона во Бундес лигата совладувајќи го Шалке со неверојатни 8-0, полувреме (3-0). „Баварците“ резултатот го отворија во 4-та минута, а потоа следуваа уште седум голови во мрежата на противникот. Серж Гнабри постигна три голови, по еден реализираа Горецка, Левандовски, Сане, Милер и Мусиала.

OhridNews