Актуелниот европски првак Баерн Минхен е нов победник на европскиот Супер куп откако во истиот на пенали го совлада актуелниот шампион во Лигата на Европа Челзи по изведувањето на пеналите.

Резултатот во регуларниот дел заврши 1:1, а двата тима постигнаа и по еден гол во двете продолженија од по 15 минути, по што следеа пеналите на кои Баерн триумфираше со 5:4 и го освои овогодишниот Супер Куп, за прв пат одржан во Прага, односно на „Еден Стадион“.

Резултатот најпрво го отвори Челзи, откако прецизно стрелаше шпанскиот напаѓач Фернандо Торес во 8-та минута. Баерн успеа преку Франк Рибери да израмни на 1:1  на почетокот на второто полувреме, во 47-та минута, а по неколку промашени шанси на двата тима, натпреварот вака и заврши во регуларниот дел.

Продолженијата и последните 10 минути од второто полувреме Челзи ги играше и со играч помалку, по исклучувањето на бразилецот Рамиреш, кој доби два жолти картони. Сепак ова не го спречи Челзи да поведе на стартот од првото продолжение, преку белгискиот крилен напаѓач Еден Хазард, а израмнувањето на Баерн му го донесе Шпанецот Хави Мартинез, во последната минута од второ продолжение.

Во пенал рулетот Баерн излезе поуспешен откако во последната серија последниот пенал за Челзи го промаши младиот белгиски напаѓач Ромелу Лукаку.

Ова  е прв трофеј од Супер купот за Баерн Минхен, а трет за неговиот актуелен тренер Пеп Гвардиола.

“Макфакс“