Германскиот весник Билд пред полуфиналниот натпревар на Баерн Минхен во Лигата на Шампиони со Барселона пласираше “бомбастична“ информација за трансфер на Марио Геце од Дортмунд на “Алијанц Арената“, а клубот ја потврди.


Трансферот е официјализиран, а Баерн Минхен за услугите на германскиот репрезентативец “искеширал“ 37 милиони евра.

За потписот на Геце најзагреани беа Манчестер Сити и Арсенал, а голем интерес покажаа новиот шампион во Анлгија, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Стратегот на “милионерите“ Јирген Клоп и управата ќе бидат на вистински искушенија да ги задржат останатите млади ѕвезди во екипата кои се мета на големите клубови.

Мх.П.