Германскиот шампион Баерн Минхен го официјализираше трансферот на Ренато Санчез кој на Алијанц Арената ќе пристигне од тимот на Бенфика.


Иако висината на трансферот не е откриена германските медиуми пишуваат дека целокупниот трансфер изнесува 35 милиони евра плус бонуси во зависност од резултатите на клубот.

Португалецот речиси цела година се поврзуваше со трансфер со Манчестер Јунајтед, но на крајот по кој знае кој пат „црвените ѓаволи“ остануваат со празни раце.

Исто така „баварците“ го официјализираа и трансферот на Метс Хумелс од Борусија Дортмунд.

OhridNews