Составот на Баерн Минхен ќе атакува на двојна круна во германскиот фудбал. „Баварците“ кои стекнаа солидна предност на табелата во Бундес лигата, вечерва, обезбедија пласман во финалето во Купот на Германија.

„Баварците“ за пласман во финалето во Купот го совладаа минатогодишниот победник Ајнтрахт Франкфурт со 2-1 (1-0). Избраниците на Ханси Флик отпорот на гостите го скршија после 15 минути игра со голот на Перишиќ. Сепак, Ајнтрахт не се предаде и констатните напади со погодок ги капитализираше во 69-та минута кога изедначи на 1-1. Баерн Минхен во 74-та минута преку Левандовски повторно поведе и ја задржа до крај за пласман во финалето.

Ривал на Баерн Минхен во финалето ќе биде Баер Леверкузен.

OhridNews