Лидерот во Бундес Лигата, Баерн Минхен во пријателски натпревар славеше со убедливи 13-0 над Ал Салија. “Баварците“ формата ја темпираат во Доха, Дубаи, германскиот гигант го очекуваат уште неколку тест средби.


Хрватскиот напаѓач Ивица Олиќ пет пати ја тресеше мрежата на противниците, два гола постигна Питерсен додека по еднаш прецизни беа Гомез, Робен, Рибери, Брено, Контенто, Милер. 
Мх.П.