Баерн Минхен го освои целиот плен на гостувањето во Гилзенкирхен победувајќи го составот на Шалке со 3-0 во петтата рунда во Бундес лигата.

Креатори на триумфот на „баварците“ беа Роберт Левандовски и Хамес Родригез кои прецизно стрелаа во 25-та односно во 29-та минута. Во второто полувреме победата ја запечати Артуро Видал со третиот гол во мрежата на „сините“.

Резултати: Борусија Менхенгладбах – Штутгарт 2-0, Аугзбург – Лајпциг 1-0, Шалке – Баерн Минхен 0-3, Волфзбург – Вердер Бремен 1-1.

Табела: Баерн Минхен 12, Борусија Дортмунд 10 (-1), Аугзбург 10, Хановер 10 (-1), Шалке 9…

OhridNews