Баерн Минхен како гостин со 4-2 на пенали ја совлада Борусија Менхегладбах и се пласираше во финалето од германскиот покал. Натпреварот во регуларниот дел и по продолжнијата заврши без голови 0-0.

Трагичари во домашниот тим беа Нордтвејт и Данте, додека за гостите погодија Алаба, Лам, Рибери и Крос.

Финалето меѓу Баерн и Борусија Дортмунд се игра на “Олимпискиот“ стадион во Берлин.

Ohridnews