Инвеститор е „ЕЛЕМ“, а градежните работи ги изведува фирмата „Маркоски К 73“. Покрај механизација ангажирани се и нуркачи кои изведуваат чувствителни градежни работи под вода. Реконструкцијата според предвидениот план планирано е да заврши за петнаесет дена, односно до петок.
Покрај реконструкцикјата на испустот на Дрим во тек е чистење на популарното струшко Пливалиште од тиња. Со механизација се отстранува наталожениот талог кој со камиони се траснпортира до општинската депонија. И овие градежни работи ги изведува струшката фирма „Маркоски К 73“.