Вчерашната претстава беше проследена со вистинско уживање, а коментарите на родителите и децата беа во иднина вакви настани да се организираат што почесто.
Заедничкиот проект на ЕВН Македонија и Македонската опера и балет- бајката за братчето и сестричката го почна своето патување од Скопје. По двете изведби во главниот град, оваа опера ја видоа и децата од Куманово и Битола.
Гостувањето на грандиозната приказна за Јованче и Марика низ градовите е особено важно затоа што прв пат децата од земјава ќе можат да присуствуваат на оперска бајка во својот град, информираат од ЕВН.