Изградбата на автопатот продолжува и по осум години и не се знае кога ќе се вози по истиот кој досега чини 684, 7 милиони долари, а никаде го нема, рече на денешната прес конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на РМ Грација Бакраческа.
Заклучно со месец август требаше да биде готова делницата од Требеништа до Охрид, но како што може да се види иако беше најавувано сеуште не е во функција. Оттука се гледа дека власта нема ниту капацитет, ниту визија, ниту план за развој на државата. Автопатот е важен за Република Македонија со цел инфраструктурно поврзување, забрзан економски развој и развој на туризмот во регионот, вели Бакраческа.
Потенцираше дека за жал има и човечки жртви, застој, бавна динамика и зголемени трошоци, казни и фрлени пари само автопатот никaде го нема.
OhridNews













