– Убеден сум дека имам потенцијал и капацитет одговорно да пристапам кон оваа сериозна задача, рече Бакрачески.
Новиот состав на Извршниот комитет на партијата беше избран поради истекот на двегодишниот мандат на актуелните членови на ова партиско тело. Во новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не се Диме Спасов, актуелниот министер за труд и социјална политика , пратеникот Александаер Николовски и градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески. Нови личности во највисокото партиско тело освен градоначалникот Никола Бакрачески,се и министерот за надворешни работи Никола Поповски, како и претседателот на ОК ВМРО- ДПМНЕ во Битола, Зоран Илиовски.