Во текот на 2013 година, по основ на службени патувања, актуелниот градоначалник Никола Бакрачески потрошил 15.000 денари за патувања во земјава и 60.000 денари за службени патувања во странство.

Во текот на 2014, од општинската каса за службени патувања на градоначалникот и неговите соработници во земјава биле потрошени 12.800 денари, а за патувања во странство 189.062 денари.

Пред советниците и јавноста од оваа говорница, најодговорно кажувам дека во 2013 и 2014  јас реализирав неколку службени патувања кои беа во интерес на општина Охрид, а за кои се откажав од финансиски надомест, односно истите ги реализирав на личен трошок, рече градоначалникот Бакрачески давајќи отчет за висината на потрошените  средства од општината  за реализирани службени патувања.

При тоа Бакрачески потсети дека во 2007 година за службени патувања на екс градоначалникот во земјава  биле евидентирани 177.490 денари, а за патувања во странство 527.000 денари.  Додека пак во 2010 општинската каса била оптоварена со  56.000 денари за патувања во земјава и 959.708 денари во странство, како што рече Бакрачески, пари кои сеуште се водат како долг и кои не се платени.

Т.К.