Општина Охрид не го менува заштитниот знак одговори денеска градоначалникот Никола Бакрачески на забелешките во јавноста за промената на боите на грбот на градот од сино бели во црвени.
– Претпоставувам дека се мисли на бојата на налепниците за такси превозниците. Значи не станува збор за ребрендирање на симболите на град Охрид, тоа е избор, односно можеби најдобро идејно решение на одделот за Туризам и локален економски развој, кој беше задолжен за реализирање на овој дел од програмата, значи не станува збор за никакво ребрендирање.-изјави Бакрачески.
Неодамна локалната самоуправа ги промовираше ценовниците кои задолжително треба да ги истакнат такси превозниците на видливо место, кои се црвени, како и амблемот на градот, кој „поцрвена“ и на панорамскиот автобус, што неодамна општината го доби на подарок од владата.