Денешната 19- та седница на советот на општина Охрид започна со отчет на градоначалникот Никола Бакрачески за сработеното во периодот април- декември 2013. Бакрачески се осврна на затекнатата состојба и евидентираните долгови на општината, потсетувајќи на низата реализирани проекти.Меѓу нив реконструкцијата на дел од патишатата во општината, поставувањето на канализациона и водоводна мрежа, изградбата на Малиот плоштад. Потенцирајќи дека во фаза на подготовка се проектите за изградба на затворен базен, современ градски пазар, марина, скијачки центар на Галичица, Бакрачески најави дека тековната година Охрид ќе претставува вистинско градилиште при што ќе бидат реализирани проекти кои ќе бидат од големо значење за граѓаните.

Од страна на опозицијата, беше побарана и расправа по изнесениот отчет на градоначалникот при што беа упатени забелешки дека Бакрачески во своето обраќање поголем акцент ставил на затекнатата состојба во општината, отколку на проектите и зафатите кои се предвидени  да се реализираат. Опозицијата запраша зошто се вработуваат членови на владеачката партија, доколку постојано се говори за затекната превработеност во општинската администрација, а упати забелешка и дека непотребно биле трошени пари од општинскиот буџет за изработка на неодамна промовираната брошура „Инвестирајте во Охрид“.

Седницата продлжи со расправа околу предлог одлуката за проширување и измени на распоредот на средства од буџетот за 2014 година.