По неодамна одржаниот работен состанок со претставници од Министерствата за транспорт и врски и за одбрана и со претставници од  Капетанијата на пристаништа, градоначалникот Никола Бакрачески информира за локациите на кои ќе се градат нови плажи на охридското крајбрежје.

– Една од плажите ќе се гради кај Љубаништа, а друга  кај Лагадин, во должина од 500 метри. Плажа ќе биде изградена и помеѓу каналот Студенчишта и хотелот Парк во должина од 700 метри. Современо уредена плажа ќе има и  кај месноста Даљан, односно кај актуелниот извиднички центар и петтата плажа е на територијата на општина Дебрца, изјави градоначалникот Бакрачески.

Градот Охрид ќе стопанисува со плажите, а дел од комерцијалните објекти ќе се издаваат под закуп.

– Ние како општина Охрид изготвивме акциони планови за спроведување на овие проекти  и  ги предадовме во Министерството за транспорт и врски  по што  истите  ќе бидат елаборирани на владини седници и врз основа на тие акциони планови понатака ќе ја водиме целосната постапка до нивно реализирање. Наредната година треба да се објави тендер за дел од овие плажи и најголем дел од нив треба да бидат завршени до 2017 година, додаде градоначалникот.

Плажите ќе бидат уредени според високи стандарди, со содржини за забава и рекреација.

OhridNews