Градоначалникот Никола Бакрачески, на прес конференцијата што се одржа денеска, информираше дека поради проблемите со исклучената електрична енергија во ОУ „Григор Прличев“ нема да отпатува во предвидената посета на Кина, каде требаше да учествува на промоција на потенцијалите на Охрид.
-Во овој момент приоритет за Охрид е нормализирање на состојбата во ОУ „Григор Прличев“ и додека тоа не се реши, јас нема да патувам подалеку од Македонија.-истакна Бакрачески.
Инаку, Охрид во збратимениот кинески град Далијан наредните денови во организација на амбасадатата на Народна Република Кина требаше да одржи голема промоција на историското и културно наследство и да ја претстави туристичката понуда пред 17 големи градови од Азија, како и можностите за инвестирање во Охрид.
OhridNews