Во рамки на посетите на месните заедници кои ги реализира градоначалникот Никола Бакрачески, вечерва во 18 часот ќе биде во посета во Горно Лакочереј, а во 19 часот ќе оствари средба со жителите на Долно Лакочереј.

На средбите покрај соработниците на градоначалникот ќе бидат присутни и директорите на јавните претпријатија. Целта на посетите е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно побрзо решавање.

OhridNews