Кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“, д- Никола Бакрачески и кандидатите за членови на советот, денес, го посетија охридскиот пазар од каде најавија изградба на современ покриен пазар, што ќе ги има сите потребни услови за продажба на храна.

– Се наоѓаме на место на кое со години градоначалникот и локалната самоуправа ветуваат дека ќе изградат современ затворен пазар, место каде не се обезбедени ни минимум услови за продажба на храна, место каде чесните граѓани од Охрид и околината минуваат низ голготи, мрзнат на студ, киснат на дожд за да заработат парче леб, рече Бакрачески.

Како што рече Бакрачески, идната  локална самоуправа конечно ќе изгради современ покриен зелен пазар кој ќе ги задоволува сите санитарно технички и хигиено- епидемиолошки услови за продажба на храна, објект кој убаво ќе изгледа и ќе биде убавото лице на градот.

–  Сакаме да ги вратиме традиционалните вредности, ова да биде и собиралиште на луѓето кои ќе си поприкажат, продавајќи ги своите познати прозиводи- охридските цреши, јагодите од Лескоец, додаде Бакрачески.

OhridNews