По повод новогодишните и божиќните празници, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, денес оствари средба со директорите на националните установи и институции и раководителите на подрачните министерства во Охрид. Во рамки на средбата која се одржа во Општина Охрид, градоначалникот истакна дека наредната 2014 –та ќе биде година на инвестициони почетоци.
-Можам да ви кажам дека 2014 година ќе биде година која ќе е запаметена по инвестиционите програми, година во која ќе има најмногу изведувачки работи. А ако се земе предвиденото за 2015 и 2016 година ве уверувам дека тоа ќе бидат едни од најдобрите години во последниве 20 за сите охриѓани, рече градоначалникот.
Бакрачески истакна дека добрата соработка со и институциите на локално и државно ниво се многу битни за да се реализираат зацртаните планови.
-Резултатите што ги очекуваме не зависат само од општинската администрација туку и од навремената и ефикасна соработка со вас. Многу од нашите, програми, проекти и активности се поврзани и се зависни од нашата меѓусебна тесна соработка и комуникација , додаде Бакрачески.
Градоначалникот им најави на директорите и раководителите, дека ваков вид на средби во идина ќе се организираат на секои три месеци.
OhridNews