На барање на Озгур Торт, извршен директор на „ Мигрос“ Групацијата од Република Турција, градоначалникот Никола Бакрачески, оствари работна средба, на која присуствуваа и претседателот на Управниот одбор, Булент Озаудинли и директорот на „ Рамстор“ – Македонија, Ибрахим Кесемен.
Како што беше најавено уште при отворањето на првиот супермаркет на „ Рамстор“ во Охрид, на денешната средба посебен интерес беше изразен за изградба на два современи шопинг центри, во кои би се вработиле над 100 охриѓани.
Градоначалникот Бакрачески ги запозна турските инвеститори со законските поволности и можности за инвестирање, а се очекува во најскоро време групацијата „ Мигрос“ да испрати писмо на намери, по што официјално ќе треба да се изготви проект за идната инвестиција во Охрид.
OhridNews