Од локалната самоуправа информираат дека продолжуваат посетите на градоначалнкот Никола Бакрачески на месните и урбани заедници. Денес, со почеток во 19 часот, во салата во основното училиште „ Св. Климент Охридски“, Бакрачески ќе оствари средба со жителите на урбана заедница Стар град.
На средбата покрај соработниците на градоначалникот ќе бидат присутни и директорите на Јавните претпријатија. Од локалната самоуправа потенцираат дека целта на средбата е запознавање на градоначалникот со проблемите на жителите и можностите за нивно побрзо решавање.
OhridNews