Во идниот период во Охрид ќе се формира Локален младински совет, кој ќе треба да подготви младинска стратегија за да ги артикулира потребите и да помогне во надминување на проблемите со кои се соочуваат младите од градот.

Ова беше одлучено на вчерашната средба помеѓу градоначалникот Никола Бакрачески и претседателот на Младинскиот совет Охрид, Димче Каневче.

На средбата станало збор за идната соработка помеѓу локалната самоуправа и Младинскиот Совет на полето на локалната младинска политика и партиципација, со посебен акцент на вклучување на младите во процесот на донесување на одлуки.

Градоначалникот Бакрачески истакна дека во насока на подобрување на комуникацијата и соработката со младите од Охрид, ќе се поттикне партнерскиот однос со младинските организации, како би се искористил нивниот потенцијал и искуство во подобрување на статусот на младите луѓе од општината.

OhridNews