Кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“, д- р Никола Бакрачески, на прес- конференција одржана на паркинг просторот кај градскиот пазар, најави изградба на современа катна гаража.

Како што рече, реализацијата на проектот ја најавува на една од стотиците локации на кои години наназад биле давани лажни и неостварени ветувања од страна на актуелната локална самоуправа.

– Наместо да ги согледуваме придобивките од она што одамна требаше да биде остварено во сферата на урбанизмот, денес се наоѓаме во ситуација да почнеме проекти кои одамна требаше да бидат изградени. На ова место, изминатите години,  се кршеа копјата за изградба на катни гаражи со што требаше да се реши проблемот со паркинг просторот во центарот на градот. Наместо тоа, имавме узурпации на улици, тротоари, тотален хаос во сообраќајот и уредувањето на паркинг просторите, изјави Бакрачески.

Најавувајќи ја изградбата на современата катна гаража, кандидатот за градоначалник, нагласи дека со реализација на проектот ќе дојде до решавање на сообраќајниот метеж не само во централното градско подрачје, туку и во останатите делови од градот.

Т. К.